Среден е модулот за MP3 плеерот, повторно функционира како и порано. Останува да се средат работите со коментарите, прикажувањето на профилите и пријателите, како и да се врати модулот за статистика. Како што беше објавено, проблемите со коментарите се затоа што е направена промена во системот, со цел да се подобри функционалноста и изгледот на блоговите, па нормално е во секоја нова работа да има бубачки... ви благодариме на разбирањето, а ние правиме се што е во наша можност за да се врати системот во нормала.
Мислам дека е ред да се напише што беше средено на системов во изминатава недела, и заради што блоговите беа недостапни. Се работи сеуште на проблемот со прикажувањето на профилите и оставањето на коментар, така да во најскоро време ќе биде решено и тоа, а во продолжение еве ја листата на средени работи:
Среден проблем со поставувње на слики од корисничките фолдери
Среден проблем со прикачување на одредени фајлови.
RSS-от е системски вклучен за сите нови акаунти.
Блогирањето преку мобилен функционира како што треба.
тагот е поправен да не се прикажува во коментарите.
Користењето на единечни наводници во коментарите е средено.
Постоеше безбедносен пропуст кој беше идентификуван и среден.
Темплејтите се направени постојани низ коментарите, фото албумот итн, па наместо досегашното отворање во системскиот изглед, сега модулите се отвораат во корисничките темплејти.
Среден е проблемот со опцијата "Запомни ме" при логирањето.
Додадена е опцијата името на блогот да биде излистана во насловот на интернет прелистувачот.
Додадени се повеќе опции во администрација, и закрпени се повеќе грешки кои ќе овозможат подобро функционирање на сервисот.
Чисто да проверам дали работи функцијата за внесување на запис. Се правеше коренита промена на начинот на функционирањето на сервисот, затоа и сеуште има проблеми со изгледот на сајтот, поточно со администрацијата. Сите податоци се префрлена на новата база, така да останува деновиве да се довршат модулите и да се среди дизајнот.
Уште еднаш, извинете за недостапноста на блоговите, и Ви благодариме на разбирањето.
Направени се многу промени во кодот на блогер, средени се багови, додадени нови опции, па во наредните ден-два ќе се прави апдејт на целиот систем. Вие слободно ќе можете да продолжите со блогирање, а доколку забележите дека фали некоја функција, не паничете, се ќе биде тука само подобрено.
Доколку имате било какви проблеми после апдејтот пишете една лична порака, бесплатни се ;)
Додадени се 6 нови темплејти кои можете да ги поставите на вашиот блог преку администрацијата. Не заборавајте, доколку одберете нов темплјет промените кои сте ги направиле на стариот ќе бидат избришани.
Центар за нови медиуми организира „ МК Блог конференција“ која ќе се одржи на 26-ти мај (сабота) во просториите на културниот центар „Точка“ со почеток во 11:45 часот. На овој еднодневен настан ќе се дискутира на следниве теми:
· Блогосфера - подем на мрежното општество.
· Блогови и медиуми,
· Алатки, сервиси, техники и трикови
Од самите свои почетоци интернетот претставува комуникакција, соработка и вмрежување помеѓу корисниците. Во последниве неколку години, новите алатки и практики ставија фокус на социјалната природа на компјутерски посредуваната комуникација, иако првиот период од развојот на интернетот доминантно беше воден од еднострана интеракција предводена од страна на мејнстрим медиумите.
Со цел да иницираме отворен дијалог помеѓу корисниците, истражувачите, креаторите и промотерите на овој нов бран, одлучивме да организираме настан каде ќе можат да се запознаат разни луѓе, да се разменат искуства, да се научи нешто ново и да се сподели уште некој линк.
Web 2.0 (семантички, социјален интернет) не ја заобиколува Македонија. Денес
на бесплатната онлајн енциклопедија Википедија постојат над 9.500 написи на македонски јазик, постојат повеќе од 6.000 блогови, и над 2.000 корисници на мрежите за социјално вмрежување. На интернет секојдневно се дискутираат разни теми, но за поширока промоција на овие нови текови, потребна е и нивна презентација надвор од него. МК Блог конференцијата е отворена и ќе овозможи неколку часа дискусија на актуелни теми од областа на блоговите, интернетот и воопшто новите медиуми.
Центар за нови медиуми
Центар за нови медиуми е непрофитна организација формирана со цел да промовира ефективна употреба на новите медиуми, информацијата и новите комуникациски технологии. Преку зајакнување на партиципативноста како една од главните одлики на новите медиуми, ќе промовираме медиумско описменување и развој на граѓанското новинарство.
Центар за нови медиуми • www.newmediamk.org
Додадена е статистика во администрацијата на секој блог која ги брои дневниот број на посети на блогот како и вкупниот број на посети на месечно ниво. Се работи на додавање на повеќе опции во статистика, а како за почеток доволно е и толку ;)
Од денеска официјално сите технички прашања ќе треба да ги поставите на форумот. Промената е направена од едноставна причина да им се олесни работата на сите корисници на сервисот.
Поставен е и нов тулбар кој доколку не ви се допаѓа можете да го исклучите
Во администрацијата додаден е преглед на сите коментари.
Листата вклучува пребарување, преглед на насловот и на текстот од коментарот, линк до сајтот на авторот, IP адреса (доколку е вклучена опцијата за снимање на IP адреса), линк за преглед на записот со тој коментар како и копче на бришење на коментарот. Можете да селектирате колку сакате коментари и наеднаш да ги избришете сите.
По успешно направениот апдејт на целиот систем во кој беа закрпени повеќе грешки, и пуштањето на сервисот за игри во тест фаза, најново е поставувањето на втор домеин за Блогер. Името е веќе во функција па можете слободно да го ширите линкот и да се фалите со него :)
Проблемите со овие три темплејти се средени па доколку до сега сте користеле некој од нив, во администрацијата кликнете на "Темплејт" па на "Одбери нов темплејт" и одберете го соодветниот.
п.с. сите модификации на темплејтот кој го користите во моментот (линкови, банери итн.) се губат при промената.
Уште една новост на Блогер е Mp3 плеерот преку кој посетителите на твојот блог ќе можат да ги слушаат сите mp3 фајлови кои ги имаш во podsat фолдерот.
За да го додадеш плеерот во темплејтот, отиди во "Темплејт" и додади го кодот < bh:Mp3Player/> онаму каде што сакаш да се појави. Потоа во "Oпции" ќе го забележиш новото копче Mp3 Player, дел во кој ќе можеш да одбереш еден од многуте скинови за плеерот.
На овој блог кодот е поставен како последна коцка, со следниов код
< div class='box'> < bh:Mp3Player/> < /div>
Доколку имате било какви проблеми со поставувањето на кодот оставете коментар или пратете ми порака, со задоволство ќе ви помогнам.
п.с. избриши го празното место помеѓу "<" и "bh:Mp3Player/>", морав да оставам празно место за да се прикаже кодот целосно во записов
Сите корисници на бесплатните блогови добија надополнување на акаунтите, па наместо досегашните 50 од сега па натаму на располагање ќе имаат по 100MB за нивните фајлови.
Во меѓувреме се правеше апдејт на целиот систем заради што се појавија проблеми при прегледот на некои од темплејтите кои содржат календар, користејќи Internet Explorer. Ви се извинувам за проблемот со прегледот и работам на што поскоро отстранување на истиот, во меѓувреме одберете некој од останатите темплејти, има 68 :)
Среден е фото албумот, флеш-от работи ќе приметите :)
Додаден е и преглед на сите фотки кои се поставени на Блогер, ако има позитивен одговор од вас за ова, линкот ке се најде и на почетната, сега за сега само тука, бујрум.
За да додадете клипче од youtube отидете на сајтот, најдете го клипчето кое сакате да го поставите и ископирајте го текстот десно од него, каде што пишува Embed, потоа во едиторов кликнете на html и само пастирајте го кодот. Кликнете на update и тоа е тоа, тадаа :)